Граѓанската опција за Македонија го осуди потпишувањето на Договорот за наводно добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
„Во овој договор никаде не се спомнува македонскиот народ, но затоа пак, со него се откажуваме од грижата и поддршката на македонското национално малцинство во Бугарија. Според овој Договор македонскиот јазик е уставна категорија, а да потсетиме дека ние Македонците и кога не сме имале Устав сме имале јазик“, стои во соопштението.
Партијата најавува дека нема да ја поддржи ратификацијата на договороот во парламнтот. Според нив, чествувањето на заедничката историја од денес започнало со историски фалсификати, при што според зборовите на бугарскиот премиер Борисов, Илинденското востание се трансформирало во Преображенско-Илинденско востание.