Грчкото Министерството за култура предупреди на „премногу смелите“ шпекулации дека во недомна пронајдената древна гробница може да се наоѓа и гробот на Александар Велики, јави дописникот на МИА од Атина.
Археологот Екатерини Перистери неодамна изрази надеж дека во гробницата е пронајден „значаен поединец или поединци“. Некои грчки информативни портали напишаа дека „во гробницата може да се наоѓа и долго бараниот гроб на воинствениот крал од четвриот век пред нашата ера Александар Велики, за кој се смета дека е закопан во Египет“.
Грчкото Министерство за култура соошти дека во делумно ископаната гробница има „извонреден“ ѕид со мермерно лице од крајот на 4 век п.н.е. Се работи за импресивен ѕид долг 500 и висок три метри.
Министерството предупреди дека е „премногу смело“ локацијата во близина на Амфиполис, 600 километри северно до Атина, да се поврзе со „историски личности“ пред ископувањето целосно да заврши.