Лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство врз Т.Н. (63) од Солун, Република Грција, кој престојувал во Гевгелија на ул. „Борис Кидрич“.
Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера во 09.20 часот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
