Грчките медиуми го објавија договорот: Поддршката за членство во НАТО условена од целосно исполнување на договорот

Од:

Грчките медиуми го објавија договорот за решавање на спорот за името, кој што македонскиот и грчкиот премиер треба да го потпишат.

Во договорот на 19 страници, пишува дека официјалното име на Македонија ќе биде „Republic of North Macedonia“ (Република Северна Македонија), кое што ќе се користи ерга омнес, додека скратеното име ќе биде „Северна Македонија“.

Според договорот, термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и скратеницата „ПЈРМ“ (FYROM) веќе нема да се користат за условување на нашата држава во ниту еден официјален контекст.

Во договорот пишува дека поддршката од Грција за членство на Македонија во НАТО е условена, од исходот на референдумот, како и од целосното извршување на договорот.

Целиот договор може да го погледнете тука