• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Грчки воен авион навлегол во македонскиот воздушен простор?

by А1он14/04/2016 - 12:0073
Share0

Македонските воздухопловни власти и надлежните институции проверуваат дали утрово од 10.30 до 10.50 часот грчки воен авион навлегол во воздушниот простор на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Во близина на македонско-грчката граница визуелно се забележани грчки воздухоплови кои надлетувале над Идомени, но врз основа на визуелно набљудување не може да се потврди дали и колку еден од авионите навлегол без прецизни мерења од надлежните институции.

Како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, неколку грчки авиони и четири хеликоптери во наведениот период во три наврати надлетувале над границата во делот на кампот во Идомени со цел да извршат притисок врз бегалците, во рамки на нивната воена вежба наречена „Бура“.

Вежбата, според грчките медиуми, била најавена како подготовка за распоредување војници за заштита на македонско-грчката граница кои би биле логистика за рачистување на кампот во Идомени и дислоцирање на бегалците во прифатни центри во внатрешноста на Грција.

Граѓаните на Гевгелија и многуте грчки граѓани кои дојдоа денеска на пазар во Гевгелија беа видно вознемирени и исплашени од надлетувањето на грчките авиони.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен