Граѓаните од Скопје и Македонија се собираат на протестот пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Од:

Верници веќе почнаа го „окупираа“ платото и улиците кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје каде денеска почнува собирот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

Граѓаните од внатрешноста на Македонија самоорганизирано дојдоа во Скопје. Платото пред Соборниот храм е премало да ги собере сите кои доаѓаат да и дадат подршка на МПЦ-ОА. Веќе се поставени повеќе видеобимови преку кои граѓаните ќе може да ги проследат говорите.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ – ОА на прес-конференцијата во вторникот потенцираше дека протестот не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека денеска, поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Почнувајќи од 17 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: булеварот Партизански одреди со булеварот ВМРО во правец кон Карпош, билеварот Партизански одреди со улицата Франлкин Рузвелт во правец кон Центар, булеварот Илинден со билеварот Св. Климент Охридски во правец кон Соборниот храм и булеварот Св. Климент Охридски со улицата Димитрије Чупоски во правец кон Соборниот храм.