Граѓанин до Владата: Маратонците го трчаат последниот круг

Од:

Студентка докторант до реадакцијата на А1 он, испрати писмо кое го добила од повозрасен човек кога доаѓала на факултет.

Во писмото насловено како “Маратонците го трчаат последниот круг“ потпишано од задграничен комитет на СМРО пишува:

…Дај Боже! Народот е со вас. Доста со политичките метузалеми. Едните го направија историскиот грабеж на народот и работиците, а другите го дотолчија со пропагандата на лажни надежи и шарени лаги за лекоумните. Дури и временската прогноза им е пропаганда. Ударните извршни комесари станаа доктори на науки. Напреднаа од дреари на Титовиот завод до султани со сараии во Зелениково. Нивните прележници станаа директори на медиуми и југословенски бизнисмени. Ги пљачкаат земјоделците и народот со приватни монополи. Браво за мангуплукот! Ама тоа е почеток на крајот. Трачајте го кругот, ама последниот.

Ве препознаа сите, млади ама остарени, кога ќе се освестите ќе биде пролет, македонска пролет која ќе дојде и ќе ја донесат студенттие. На едните земете им ја тупаницата, бидејќи таа не е симбол на буржоазијата, а на другите лавот бидејќи и тој не е чакал како нив. Професорите и докторите на науки ги дотераа на раб на егзистенција, младината ја бркаат од земјата. Молерите и мангупите купија дипломи и ќе правеле реформи, замислете во собранието.

Ја погребаа сатирата, хуморот и демократијата. Пропагираа купувајте домашни производи, а купија автобуси од Кина. Државен испит, за кого?

Тие што знаат ќе положат, ама ќе положат и оние со пари. Ако парите го вртат светот, неписмените ќе ја вртат Македонија. Затоа крај на лажните интелектуалци. Време е Македонија да го фати правиот пат. Народот е со вас.

IMG_20150114_140628