Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп доби 10 нови компјутери

Од:

Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп со пари од буџетот на Општината набави 10 нови компјутери за својот интернет-клуб.
 
Според градоначалникот Марјан Ристески, проектот вреден 160.000 денари им обезбедува на корисниците пристап до побрз интернет и подобри услуги.  
 
– Комјутерите ќе бидат бесплатно достапни за сите што ќе дојдат тука. Досега, со реконструирањето на читалницата и интернет-клубот, како и со реконструкцијата на просторијата каде се одржуваат голем број презентации и со сите овие инвестиции, оваа библиотека станува најмодерна во Македонија, рече Ристески.
 
Директорот на библиотеката Петар Петрески оцени дека новата инвестиција ги подобрува услугите.
 
– Набавивме 10 нови комјутери во интернет-клубот и поставивме и изложба на стари фотографии на Прилеп на горниот дел од читалницата, што е инвестиција од 90.000 денари. Тоа е уникатна изложба на која се претставени старите моменти од историјата и традицијата на Прилеп, а се збогатува понудата на услугите на библиотеката за граѓаните, рече Петрески.
 
Интернет-клубот претходно доби аквариум и цветна градина за читателите да се чувствуваат подобро.