Советот на градоначалници на општините од Југоисточниот регион на петтата седница дискутираа околу подготовките на потребните документи за двата проекти со кои Центарот за развој на Југоисточниот регион ќе аплицира за финансирање на проектни предлози преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Покрај тоа градоначалниците дискутираа и за распишаниот тендер за авионско третирање против комарци, кое треба да се изврши на територијата на сите десет општини.
На седницата Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион донесе одлуки за преотстапување на патишта по проекти, како и одлука за аплицирање и имплементација на проектите „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” и „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“.