Градоначалниците од Источна Македонија се жалат дека централната власт ги оставила сами по поплавите

Од:

Градоначалниците од источна Mакедонија реагираат дека се оставени сами на себе по поплавите кои го зафатија регионот.

Обвинуваат дека немаат поддршка од централната власт па се договориле да формираат локални кризни штабови во кои ќе ги мапираат најкритичните точки.

Се договоривме да формираме локални кризни штабови, од регионален и општински карактер, го утврдивме оперативниот план со кој се мапираа критичните точки, кои беа на удар од поплавите и ги утврдивме ресурсите со кои располагаме, расположлива опрема и човечки потенцијал. На крајот донесовме заклучок дека треба да се формира комисија за проценка на штетите и да се бара надомест за истите, вели градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов.

-Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето, рече Папазов.

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански вели дека од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанале големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН.

– Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето, вели Китански.