Уште една несреќа ја потресе Македонија. 77-годишниот гостиварец Јахи Мехмети го загубил животот во несреќа која се случила вчера во гостиварско Градец.
Тој сакал да го исклучи светлото на тракторот, но по грешка истиот го стартувал, по што паднал од него и бил прегазен.
Поради сериозноста на повредите бил препратен на клиниките во Скопје, каде набрзо починал.