Гости од Аљаска корнеле и оштетувале дрва на пешачката патека кај Горица

Од:

СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против четири американски државјани со македонско потекло, поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок по член 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во поднесената прекршочна пријава опфатени се две лица на возраст од 20 и 22 години по потекло од струшкото село Радолишта како и уште две лица на возраст од 21 и 24 години со живеалиште во Аљјаска, САД.

„Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца од средишниот дел на патеката. Притоа, пријавените целосно откорнале и целосно уништиле две садници а поголем број делумно ги оштетиле. Лицата се приведени и по брза постапка и се спроведени во Основниот Суд во Охрид“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.