Екс-гувернерот на Народната банка прашан во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М дали ќе се кандидира за претседател на државата на наредните избори, го избегна одговорот, но порача дека нема да се плаши да го каже својот став.
Гошев порача и дека големото задолжување на државата е крајно лоша состојба и во нормална држава некој би требало да понесе одговорност.
– Не можам да останам рамнодушен на сето она што се случува во државата и затоа ќе бидам гласен Никогаш не сум се плашел и нема да се плашам да го кажам тоа што го мислам – рече Гошев.
Гошев рече и дека оваа владина гарнитура, особено ВМРО-ДПМНЕ, не случајно најави зголемување на пензиите и на социјалната помош во првото тримесечје в година. Тоа, според него, е најдобар метод за купување гласови пред нардените избори, независно дали ќе бидат само претседателски или заедно со нив ќе има и предвремени парламентарни избори.