Гори сува трева и ѓубре во Ново Лисиче

Од:

Гори сува трева и ѓубре на површина од 10.000 метри квадратни во Ново Лисиче, кај последната станица на автобусот со број 5. Во моментов пожарот се догаснува.  Пожарникарите интервенирале по дојава на граѓани.

„Пожарот се догасува со две возила и со шест пожарникари. Се е под контрола“, информира командантот на Територијална противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски.