Голема трагедија во Драчево, осум тешко повредени во експлозија на плинска боца

Од:

Осум лица се повредени при две експлозии во куќа во село Драчево, при монтирање на грејно тело со плинска боца.

Според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска помош во градската болница и во ургентниот центар.

На местото на експлозијата се наоѓаат екипи на брзата помош, противпожарната единица и увидна екипа од МВР.