Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во врска со пишувањата во медиумите за именување на Коридорот 8 според големата хуманитарка и нобеловка, по потекло од Македонија, Мајка Тереза, изјави дека досега не е донесена таква одлука.
– Нема одлука за именување на Коридорот 8 со името Мајка Тереза. Во моментот постои размислување за тоа. При евентуална расправа и одлучување по однос на ова прашање ќе информираме за тоа, вели во изјавата за МИА портпаролот Ѓорѓиев.