Влатко Ѓорчев ги демантира наводите од извештајот на Транспарентност Македонија.
„Прво, станот, гаражата и подрумот во населбата Аеродром моите родители ги имаат купено во 1987 година после неколкугодишна работа како доктори во Ирак. Станот е купен кога јас имав 9 години, а Транспарентност Македонија“ го претставува како да сум го купил вчера. Значи, станот е купен од моите родители пред 26 години. Второ, мојата сопруга како наследство од САД доби речиси 200.000 американски долари, кои ги искористивме за куќа и земјиште. Исто така, родителите на мојата сопруга ни подарија половно возило Фолксваген, за кое ја имаме целокупната документација“, пишува Ѓорчев во демантот.
Според него, Транспарентност Македонија се обидува да создаде случај таму каде што го нема, а целта е напад и уништување на неговата личност.
„За секој денар имаме документација. Сите наши финансии се јавни, достапни и проверливи“, тврди тој.