Според планот за поддршка, развој и реализација на проектите за енергетска ефикасност и локален економски развој, општина Карпош во соработка со Владата на Федерална Република Германија, обезбеди двегодишно присуство и стручен ангажман на Кристијан Хартвиг, германски CIM експерт.
„Овој експерт од областа на енергетиката, кој финансиски го поддржа Владата на Германија заедно со уште двајца вакви експерти кои веќе работат во Република Македонија, ќе биде вклучен во реализација на проектите кои се однесуваат на гасификацијата во Општината со јавното претпријатие КАР-ГАС, проектите од втората програма за енергетска ефикасност (2013-2016) година, која ќе се реализира во локалната самоуправа, како и програмите на секторот за локален економски“, информираат од Општина Карпош.
Како што велат од Општина Карпош, задачата на CIM експертот, ќе биде изнаоѓање на стратешки партнери за реализација на проекти во Германија и земјите од германското говорно подрачје, воспоставување на соработка со локалните заедници во овие држави за заеднички проекти пред фондовите на ЕУ, изнаоѓање на финансии и грантови за реализација на овие проекти, развој на соработката помеѓу економските субјекти од општина Карпош со бизнис секторот во овие држави, како и промоција на можностите и потенцијалот за странски инвестиции во Општината.