А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Германската амбасада ја поздрави ратификацијата на Договорот за името

by А1он22/06/2018 - 19:33104
Share0

Германската Амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на, како што оценуваат, историскиот Договор за прашањето за името, како и за неговата ратификација во македонското Собрание.

Добивај вести на вибер

– Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата премиери и на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас поддржани од специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, стои во соопштението.

Решавањето на спорот за името, се додава, промовира заедничка европска иднина и ќе донесе значајни можности за двете земји и во регионот, вклучувајќи и зголемен просперитет и безбедност. Тоа исто така, се наведува, ќе го отвори и евроатлантскиот пат што повеќе претходни влади во Скопје го имаа за своја цел.

– Ја поздравуваме ратификацијата на Договорот од страна на Парламентот вчера и нудиме на двете земји целосна поддршка и ги повикуваме сите лидери, политички партии и граѓани во двете земји да ги препознаат придобивките од решавањето на долгогодишниот спор, стои во соопштението од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен