Учесниците на Вардарската регата пронајдоа тело во водите на Вардар кое било во лоша состојба. Веднаш ја информирале полиција, чии екипи се на терен за да го извадат на суво.
„На тргнување ни пријдоа неколку момчиња и побараа од нас да внимаваме дали ќе најдеме некое тело, оти нивната мајка неколку дена се водела за исчезната. Веднаш по мостот кај Караслари, во густ и лош терен кајакарите сигнализраа дека виделе леш. Мислиме дека е на жена и случајот ги пријавивме во велешката полиција“, велат учесниците на Регатата.
