ГДОМ ја повикува СДСМ на избори

Од:

Активисти на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) поддржани од членството на ВМРО-ДПМНЕ кое пристигна со десетици автобуси од други градови во Македонија, одржа народен собир пред седиштето на СДСМ во Скопје со цел, како што велат, поддршка на институциите и на денешното распишување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни за излез од политичката криза и ја повикува опозицииската СДСМ да излезе на избори.

Приврзаниците на ГДОМ се собраа околу 18 часот и 30 минути зад ТЦ „Рамстор“ и со пеење патриотски песни се упатија кон седиштето на опозициската СДСМ, каде протестираа и во изминатите три дена. На полицајците кои стојат во близина на семафорите пред седиштето на СДСМ им скандираат јунаци, јунаци. Носат и големо платно на кое пишува „Од судот се спасивте, од народот нема“. Велат дека дошле на протест против обидите на претседателот на СДСМ Зоран Заев да ја растури државата.

– Трета вечер по ред се собираме да додадеме поддршка на Македонија, на демократските процеси и да дадеме силен сигнал и на внатрешниот и на надворешните непријатели дека Македонецот е свесен и знае кој што му посакува добро ,а кој лошо и знае да направи разлика кој работи во интерес на Македонија, порача Александар Пандов на собирот на ГДОМ.

Актерот Тони Михајлоски ја поздрави одлуката на ДИК дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни и на СДСМ и нивниот лидер им порача „Ајде на избори“.

Од ГДОМ се против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за оболиција на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на Зоран Верушевски, првобвинет во случајот „Пуч“.

Leave a Comment

eight + eight =