г.г.Стефан:Дали и гаѓањето со јајца и шишиња на премиерот Груевски е во чест на знамето?

Од:

„Храмовите наши им се првите цели по кои нишанат и гаѓаат по нас. Време е за поголема будност но и за сериозни испитувања на тоа кон што носат однесувањата кои не се ни наивни ни случајни“, ова беше коментарот и пораката на поглаварот на македонската православна црква, Архиепиското охридски и македонски Г.Г. Стефан на серијата палења на знамињата и сквернавење на македонските цркви.

„ Како да се разбере палењето назнаме на некоја институција или држава, претепување на невини граѓани во автобуси и на улица. Во овој момент би апелирал до сите кои се задолжени да го чуваат редот и да превземат мерки. И посетата на Премиерот Груевски беше искористена за да го гаѓаат со јајца и шишиња.  Дали и тоа е во чест на знамето на 100 годишнината од славењето“, праша   Г.Г. Стефан

Архиепископот денеска присуствуваше на осветувањето на црквата Св. Пророк Илија во општина Аеродром.