ФЗОМ: Не е поднесено формално барање за лекување во странство на осигуреното лице А.А.

Од:

Фондот за здравствено осигурување во однос на апелите за донација за лекување во странство на осигуреното лице А.А. сака да ја информира јавноста дека до Фондот за здравствено осигурување на Македонија нема поднесено формално барање за лекување во странство. Фондот веќе презема активности и тимот за донации стапи во контакт со родителите на осигуреното лице, при што им е објаснета каква е процедурата во државава, како и процедурата за поднесување на барање за лекување во странство.

Фондот максимално брзо одговори ќе излезе во пресрет и ќе одговори на барањето за лекување во странство кога барањето ќе биде поднесено до Фондот.