(ВИДЕО) Фуере и на денешниот протест во Скопје

Од:

На зборното место пред СЈО се собираат граѓаните за да учествуваат на денешниот протест со кој се бара повлекување на аболицијата на Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни.

Поранешниот евроамабсадор Ерван Фуере и денеска се приклучи на протестите во Скопје откако вчера и денеска учествуваше на трибини на кои, меѓу другото, истакна дека нема услови за избори на 5 јуни.

13199229_520959354755065_191343431_o

Денеска граѓаните ќе искажат и револт поради полициската бруталност и поради прикривањето на вистината за убиството на Мартин Нешковски одбележувајќи една година откако на 5 мај лани се дозна како власта се обидувала да ја прикрие вистината за тоа преку објавените „бомби“ од страна на СДСМ.

„Денес е 5 мај! Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да скријат убиство! Денес е една година откако полицијата насилно влезе и удри по студентите во библиотеките! Денес е 5 мај! Тие се на слобода, но ние сме на нозе. Поминаа скоро пет години од убиството. Режимот тогаш проба да сокрие убиство – не му успеа! Режимот пред година дена тепаше и апсеше за да заплаши – не му успеа! Силата и бруталноста не се моќ. Тие се последното засолниште на немоќните. Тие се засолниште на оние кои не успеале да бидат праведни, не успеале да им служат на граѓаните“, пишува иницијативата „Протестирам“ на нејзината страница на Фејсбук.