Фудбалер ранет од залутан куршум

Од:

Стружанецот Ведат С. е ранет вчера вечер додека играл фудбал, извести полицијата. Немилиот настан се случил околу 22.30 часот, додека се одржувал турнир во мал фудбал во селот.

Полицијата претпоставува дека Ведат С. е ранет од залутан куршум. Ранатиот бил веднаш пренесен во струшкиот Медицински центар, а полицијата започнала истрага.