ФРОДЕМ: И граѓаните да бидат поактивни за да се реши политичката криза

Од:

ФРОДЕМ изрази разочараност од неуспешните преговори со кои се загрози реализацијата на договорот од Пржино, а воедно и се игнорираа препораките од извештајот на Прибе. Според ФРОДЕМ, со последниот исход од преговарачките активности, Македонија повторно влегува во политичка криза.

„Апелираме до сите учесници во овие преговори да ги надминат своите суети и партиски интереси и да работат за доброто на Република Македонија. Исто така, апелираме и до граѓаните на Република Македонија да бидат поактивни околу решавањето на оваа криза, делувајќи како совесни граѓани преку своите партии, невладини организации, само со една цел „Македонија што поскоро да ја видиме како демократска, прогресивна членка на големото европско семејство“, велат од ФРОДЕМ.