Фрлена бомба во близина на домот на Муса Џафери

Од:

Пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот за евроинтеграции Муса Џафери во скопската населба Топанско Поле вечерва во околу 20:20 часот е фрлена бомба.

Нема повредени, направена е материјална штета, оштетени се прозорците на куќата и патнички автомобил.