Француската амбасадорка: Преговорите треба да продолжат во овој формат

Од:

Ние го подржуваме комесарот Хан и потенцираме дека преговорите треба да продолжат во овој формат за да се даде прилика да се изнајде консензус за политичката криза во Македонија, изјави денеска француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер по синоќешните преговори во Брисел кои завршија без договор.

Како што рече Оер, политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери треба да продолжи додека да се изнајде компромис. Таа се осврна на договорот од 2-ри јуни со кои страните се сложија на датум за предвремени избори кои ќе се организираат по транзициониот период.

– Преговорите вчера завршија многу доцна и беа продолжение на договорот што беше постигнат на 2 јуни. Треба да се продолжи со реформите во насока за организирање на што подобри избори што се предвидени да се одржат во април следната година. Јас уште еднаш ќе го искажам моето мислење дека процесот на комесарот Хан треба да се подржи со тоа што политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери во Македонија треба да продолжи додека не се изнајден копмромис односно одржлив резултат – изјави Оер.

Таа рече дека не може да каже ништо повеќе бидејќи не била директно вклучена во самите преговри.

–ЕУ има побарано од Македонија да исполни неколку критериуми што се однесуваат на последните настани во државата. И изнаоѓањето на легална разрешница на последните случувања. Ние го подржуваме комесарот Хан во неговите напори за излез од оваа политичка криза – изјави Оер на конференцијата што се одржа на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Веќе е познато дека политичките лидери постигнале договор околу на предвремените избори, но дека вчера не успеале да се согласат околу точната организација на влада која ќе ги подготви тие избори.