Во договор со македонските власти и полиција, Француската амбасада во Скопје им се заблагодарува на медиумите за помоштa кои би ја пружиле со емитување на известувањето за исчезнување на француски граѓанин, која дошла на одмор во Кичево.
Валери Бара, мажена Незироска има 39 години, висока е 168 сантиметри, тежи 55 килограми, живее во Франција, а последен пат е видена во летната семејна куќа во Кичево на 25 јули годинава.
Нејзиниот сопруг нема информации за неа и побарал помош од полицијата во Кичево и Француската амбасада.
Валери Бара разбира Албански јазик. Дента на исчезнувањето на себе имала розеви „адидас“ патики. Се молат сите лица кои можеби имаат информации да ја контактираат полицијата на телефонскиот број 192.