Во периодот кога разговорите се во многу напредна фаза, Франција ги охрабрува властите на Македонија и Грција да ја задржат својата решителност за склучување на долгоочекуваниот договор, се вели во писмената изјава од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.
Во изјавата се наведува дека Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина во координација со медијаторот на Обединетите нации за изнаоѓање заемно прифатливо решение поврзано со прашањето за името на поранешната југословенска Република Македонија.
Од Министерството посочуваат дека решението е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа.
