Фоторепортерите ги сликаа политичките лидери од пред Клубот на пратениците како и порано

Од:

Фоторепортерите и снимателите кои денеска се присутни во Клубот на пратениците за следење на лидерската средба, во договор со претставници на Владата, добија можност да ги фотографираат лидерите на политичките партии како што правеа и претходно.

Снимателите и фоторепортерите претходно имаа кус брифинг со советникот на премиерот за односи со јавност Маријан Забрчанец и портпаролот Миле Бошњаковски на кој се обидоа да ги надминат вчерашните несогласувања кога неколкумина фоторепортери си заминаа од лидерската средба незадоволни од образложението дека поради безбедносни причини не може да ги фотографираат лидерите на политичките партии на влезот на објектот, додека излегуваа од возилата.

По кусиот брифинг претставниците на Владата им дозволија на медиумските работници да си ја вршат својата работа онака како што тоа го правеле и претходно.