Шест лица се повредени во тешка сообраќана несреќа која попладнево околу 16 часот се случи во населбата Автокоманда.
Со повреди се здобиле и патниците во другиот автомобил „рено меган“, а повреден е и возачот на словенечкиот патнички автобус.
Патниците во автобусот најголем дел бил Македонци кои работат во Словенија и Италија, тие се хоспитализирани на Ургентниот центар и се следи нивната состојба.
Но никој од нив не е во животно загрозувачка состојба.
Патниците во автобусот биле видно вознемирени но среќни што нема жртви и тешко повредени.