Протести во Тирана по повод случувањата во Скопје на поддржувачите на Талат Џафери, била запалена фотографија на премиерот на Македонија, Никола Груевски, пишува порталот Тетова1.
На протестот се слушнал и повик до Албанците во Македонија да не се плашат затоа што не се сами.
„Ние ја следиме ситуацијата во Македонија. Скопје ќе биде трет главен град на Албанците на Балканот. Ја повикувам Владата, ги повикувам албанските партии во Македонија да ги преземат сите законски мерки против прекршењето на правата на невини Албанци“, порачал еден од протестантите.
„Долу шовинизмот во Македонија“, „УЧК, УЧК“, „Етничка Албанија“, „Груевски никаквец“… биле дел од паролите на протестот.