Народните избраници, оние истите кои ги гласаат законите кои важат за сите граѓани, истите не ги почитуваат.
Околу Собранието може да се забележат нивните паркирани возила на зелени површини и на недозволиви места.
За обичните граѓани ваквото паркирање ќе значи парична казна и кревање на возилото со „пајак“, но не и за пратениците.
Како може да се очекува граѓанте да ги почитуваат законите, кога тоа не го прават членовите на законодваниот дом?







