Брзината на ветрот во Скопје достигна до 93 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи информират дека покрај во Скопје, силен ветер е регистриран и во регионот на Тетово и Лазарополе.

Во текот на денот во одредени интервали се очекува повторно засилен ветер со брзина над 80 километри на час.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека нема пријавено штети предизвикани од ветерот, освен неколку паднати дрва.
