ФОТО: Урната жолтата куќа на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Зградата на централата на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, во центарот на Скопје, денеска е урната до темел.

Уривањето се подготвуваше изминативе неколку дена, кога од зградата се вадеа прозорците и вратите и се сечеа дрвјата околу вмровскиот главен штаб.

Амин за реновирање на зградата на партијата прво паднало на сединица на Извршниот комитет во јуни лани. Еден месец подоцна, предлогот бил прифатен и од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата објаснија дека ваквата одлука била донесена поради старата и дотраена повеќедецениска зграда и повеќекратните трошоци за нејзиното одржување.