ФОТО: Св. Петка сè уште во изградба

Од:

Во најголемата прилепска населба, Точила, веќе 5 година е во тек изградбата на црквата Св. Петка. Црквата е на површина од 120 метри квадратни и плато околу неа со 1.500 метри квадратни.
Нејзината изградба е посветена на трагичниот настан на Карпалак, кога на 8 август 2001 г. беа убиени 10 воени резервисти од Прилеп. Токму поради тоа камен-темелникот за оваа црква беше осветен на 8 август 2008 г.

По тој повод во хотелот Кристал Палас на 18 декември 2008 година беше организирана донаторска конференција.Целта беше собрирање средства за изградба на црквата. На оваа конференција беа собрани над 700 илјади денари, од кои се поставија темелите.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На втората донаторска конференција, која се одржа на третиот ден од Велигден во 2010 г., беа собрани 4,7 милиони денари.

Третата донаторска конференција, која се одржа минатата година, беше најдобро организирана и беа собрани околу 57 илјади евра, 60 илјади евра градежен материјал и еден милион денари од локалната самоуправа. Беше одржан и музичко-хуманитарен хепенинг под мотото „Музичарите за Прилеп“.

Sv.Petka (2)

На последната, 4-та донаторска конференција, беа собрани 2,6 милиони денари, кои, како што рекоа од Иницијативниот одбор, ќе бидат доста за изведба на надворешноста, но, според нив, потребни се уште многу вакви акции и средства за доизградба на црквата.

Воедно, беа организирани повеќе хуманитарни настани за собирање средства за доизградба. Се одржа уште еден хуманитарен концерт, беа отворени повеќе телофонски линии за донирање, Прилепскиот театар организираше хуманитарни претстави, ревијален ракометен натпевар, но и ден-денес сè уште се чека на нејзина доизградба.

Oколу црквата се планира да има и плоштад, со што ќе се разубави ликот од 
населбата Точила, а целиот простор хортикултурно треба да биде уреден и да има и две фонтани.
Според градоначалникот Марјан Ристески, црквата требаше да биде доизградена минатата година за патронот на град Прилеп, Св. Никола ,но на прилепчани им останува само да го чекаат денот кога овој Божји храм конечно ќе биде готов.
А.Ш.