Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот „Видео Смилевски Бато“, на раскрсницата помеѓу наслебите Ново Лисиче и Аеродром, во близина на Поштата.
Во соообраќајката која се случила околу еден часот по полноќ, учествувале два автомобила.
Едно од возилата – „Голф 4“ поминал на црвено и удрил во другиот автомобил „Голф 5“.
Девојката која управувала со автомобилот „Голф 5“, при ударот, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонираната жардиниера, по што автомобилот се превртел на кров.
Двете девојки кои биле во автомобилот веднаш биле извадени од превртеното возило и со брза помош пренесени во болница.
Возачот на „Голф 4“ откако удрил во автомобилот, се обидел да избега, но му паднала предната регистерска табличка по што веднаш бил пронајден од страна на полицијата и донесен на местото на сообраќајката, раскажуваат минувачите кои во моментот се нашле таму.
За сега нема информации каква е состојбата на девојките кои биле во еден од автомобилите. За среќа во другиот автомобил нема повредени.
Фоѕо: Курир