ФОТО: Старица на 111 години нема да гласа оти нема лична карта

Од:

Фатиме Ибраими од село Селце, штипско има 111 години и голема желба да го исполни своето граѓанско право на глас, но тоа може да не се случи, затоа што нема биометриска лична карта.

Таа бара од надлежните да и издадат валидна лична карта, оти таа од поранешна Југославија, која е последната што ја извадила, не знае каде ја ставила.

Од Општинската изборна комисија во Штип за телевизијата Канал 5 велат дека според Законот за избори, гласање за Фатиме ќе нема доколку нема валидна биометриска лична исправа.

Фатиме цел живот била домаќинка и столб на семејството. Имала осум деца. Од нив останале двајца синови и една ќерка. Последниотин ѝ починал пред четири години. Живее сама во трошна куќарка и е упорна во намерата, утре да се појави на гласачкото место што ќе се отвори во нејзиното село и ќе го даде својот глас.