ФОТО: Стаорец јаде на маса во „Специјал“ на рекорд

Од:

Огромен стаорец е сликан како се шета по масите за јадење во „Специјал“ на рекорд додека продавницата е затворена. Фотографијата е направена во четвртокот вечерта. Стаорецот шеташе по целиот простор и се качуваше по масите и столиците во продавницата во која немаше вработени.

Оваа глетка од центарот на Скопје наметнува многу прашања, а пред се за тоа како се грижат сопствениците за хигиената, но и што прават надлежните институции?

Останува да се види дали овој стаорец ќе биде доволна причина Агенцијата за храна и ветерина да ги засили контролите во сите места во кои треба да има беспрекорни услови при производството и подготовката на храна.

Пекарата „Специјал“ ги снабдува училишта со храна, а неодамна во текот на училишната година беше актуелна по тоа што родители се жалеа на квалитетот на храната, односно дека е со изминат рок.