Големиот азиски стршлен кој во Европа првпат се појави пред десетина години, а пред две недели беше виден во Словенија, стигна до Кавадарци.
Инсектот со портокалова глава кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот, денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот на семејната куќа, пишува Утрински весник.
Семејството за весникот изјавиле дека го забалежале по неговото чудно однесување, се вртел во круг, па застанувал на земја какао да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата наредени за огрев.