Пред најавениот протест во 18 часот силни полициски сили го околија собранието и приодите од сите страни до него.

Шаторите кои демонстрантите ги поставија уште во 10 часот изутрина се отстранети, а педесетина припадници на граѓански организации се во паркот спроти Собранието. Како што дознава А1он, нема да се дозволи приод на демонсттрантите на протестот кој е претходно најавен.

Зад Собранието и во просториите на Домот на АРМ има стотина припадници на специјалните сили, а довезени се и оклопни возила и водени топови. Специјалците се од сите стани на Собранието, а единствен приод кој засега не е блокиран е низ ГТЦ.
