Денеска, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска оствари средби со жителите на Пробиштип, Крупиште и Долни Балван.
Имаме одговор на најгорливите прашања кои ја тиштат нашата земја. Како да го спречиме иселувањето на младите, како повторно од корен да ја изградиме средната класа која е р’бетот на државата и како да ја искорениме сиромаштијата која ја создаде оваа власт. Затоа, сите вие кои велите дека живејачката никогаш не ви била потешка, во недела да гласаме за промени, порача Шекеринска во Пробиштип.
Заедно со Шекеринска на средбите беше и носителот на третата изборна единица, Марјанчо Николов.
За власта поважна е милионската ограда што денеска ја ставаат во центарот на Скопје него комуналните и инфраструктурни проблеми овде во Крупиште. Решавањето на проблемите на граѓаните мора да биде на прво место, дециден беше Николов.
Како јас да започнам со обработување на земјата кога немам ни ѓубриво, ни пестициди, немам ништо, се пожали еден од земоделците во Крупиште и додаде дека сеуште ги нема добиено субвенциите од 2012-та година, а одговорните го лажеле дека станува збор за застарена работа.
Вие мора да ги добивате субвенциите на почетокот од сезоната. Идната влада на СДСМ ќе доделува субвенции тогаш кога ви се најпотребни. Нашата цел е вие да бидете задоволни, подобро да живеете со сигурен пласман и квалитетни услови за вашите производи. Само така Република Македонија ќе има модерно, развиено и конкурентно земјоделство, одговори Шекеринска.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска попладнево продолжува на средби со граѓаните на Драчево, Студеничани и Количани.