Членови на централниот и надзорниот одбор на СДСМ предводени од заменик-претседателот на партијата Радмила Шекеринска денеска даруваа крв во големата хуманитарна акција што ја организираат Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст на Град Скопје.
Акцијата се организира петти пат по ред и има за цел симболично да се одбележат трагичните настани што на 11 септември 2001 година се случија во САД.