ФОТО: Провладина организација „Ние сме вистината“ ќе се бори против слободата и правдата

Од:

Со еден вид на арт перфоманс на фрлање на правдата и човековите права во водите на „светата“ река Вардар, беше промовирана организацијата „Ние сме вистината“, која постои како пародија и резултат на изминативе оштествени случувања во земјава. „Ние сме вистината“ како провладина организација ќе се бори против слободата на човековите права, правдата и еднаквоста.

Со својот арт перформанс тие сакаат да дадат поддршка на прекрасната, розова иднина на дравната нација, а самопрокламираниот лидер на „Ние сме вистината“, Џабир Дерала, инаку основач и претседател на НВО Цивил, ги претстави начелата на партијата според кои:

BDD_9315

„Ти не си слободен се додека не станеш член на Ренесансната партија.Ти немаш човекови права се додека не ги заслужиш со тоа што ќе станеш потполно послушен на лидерот. Не постои правда поинаква од онаа што ја спроведува ренесансниот правен систем. Не постои еднаквост . Единствениот лидер е над нас, чувар на нашите сништа и стремежи, хранител, работодавател, тој ни кажува што е исправно и вистинито“.

BDD_9295
Со ова, велат од „Ние сме вистината“, сакаат да и пружат поддршка на Ренесансната Влада на Република Македонија, која меѓудругото во Вардар ги насадила жалните врби кои ги симболизираат Љубовта, Верата и Надежта.

BDD_9275

„Тоа и треба на оваа древна нација- Љубов, Вера и Надеж, а не некои бајки како што се Слободата, Правдата и Еднаквоста“, велат од „Ние сме вистината“.

BDD_9267
Носители на овој проект на Цивил се независните уметници и интелектуалци , кои преку проектот „Проговори“ ќе работат на јакнење на јавната свест и солидарноста за човековите права и слободи. Во наредниот период имаат во план низа активности и перформанси со кои ќе укажат на дефектите присутни во македонското општество.

BDD_9262

Темјана Поповска