ФОТО: Пожарникари извлекоа куче од шахта

Од:

Утрово во населбата Ѓорче Петров во дворот на полициската станица беше спасено куче бездомник кое паднало во отворена шахта и кое локалните жители никако не успевале да го извлечат.

Вработените во локалната пожарникарна станица без размислување им излегоа во пресрет на загрижените граѓани, дојдоа на самото место и веднаш го извлекоа кучето.