ФОТО: Пожар во стан во Кисела Вода, нема повредени

Од:

Денеска попладне избувна пожар на балкон во стан во зградата на улицата „Петар Делјан“ во населбата Кисела Вода во Скопје.

Пожарот избувнал околу 13:20 часот, а противпожарните екипи веднаш интервенирале.

Според првичните информации, нема повредени, но повозрасната жена во чиј стан настанал пожарот била евакуирана.

DAA277AAE6AF614886A4D53C74DAA866
ФОТО: Утрински