Попладнево пожар ја зафати шумата на Водно. Пожарот избил околу 14 часот и истиот бил пријавен од случаен минувач.
Пожарот е десно од крстот на Водно, накај Матка, а зафатена е нискостеблеста шума.
Во гасењето на пожарот учествуваат четири цистерни, но и вработени во ЈП Паркови и зеленило и пожарот е локализиран и ставен под контрола.
Заменик директорот на ЈП Паркови и зеленило, Велијан Јагев за А1он вели дека најверојатно пожарот на Водно е предизвикан од човечки фактор, но тоа дополнително ќе се испитува.
– Станува збор за пожар од мал обем, за среќа нема зафатено голема површина иако тоа дополнително ќе се испитува. Пожарот е локализиран, а до вечер очекуваме истиот да бидр целосно изгаснат, вели Јагев.
Случајни минувачи за А1он велат дека во моментот кога избувнал пожарот, виделе четири лица, но не можат со сигурност да тврдат дека тие се инволвирани.