ФОТО: Полицајците од ПО Арачиново работат во простории со фекалии

Од:

Фекалии се излеваат во приземните простории на полициското одделение во Арачиново. Вработените се жалат на неподнослива миризба, а стравуваат од опасност од ширење заразни болести и епидемија. Тие тврдат дека со ваквата состојба на работното место е загрозено нивното здравје, но и животот. Фекалиите во станицата се излеваат од септичките јами.

Вработените преку 20 пати писмено реагирале до Министерството за внатрешни работи, од каде не презеле никакви мерки. Независниот полициски синдикат испратил и барање за вонреден инспекциски надзор во просториите до Државен санитарен и здравствен инспекторат. Од ДСЗИ велат дека надлежни за оваа проблематика се од Комуналната инспекција и истото им го одговориле на вработените од ПО Арачаиново.

„Состојбата е ужасна, а раководителите не сакаат да пристапат кон разрешување на овој проблем и дозволуваат да биде присутна опасноста од ширење зарази. Имаме чувство како оваа состојба да е посакувана и намерно да сме изложени на истата“, вели вработен во ПО Арачиново.

„А1он“ контактираше со МВР и побара информации за тоа каква е состојбата во ПО Арачиново и дали е точно дека вработените се изложени да работат во фекалии, но оттаму, молк.

Кристијан Ландов