Во Клубот на пратениците започна лидерската средба. На средбата присуствуваат лидерите на најголемите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, НСДП, ДОМ, ЛДП, БЕСА, СПМ.
Досега пристигнаа премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ Али Ахмети со Бујар Османи, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Африм Гаши од БЕСА, кој што е дел од Власта, Лиле Поповска од ДОМ, Тито Петковски од НСДП, Горан Милевски од ЛДП, Билал Касами од БЕСА, кој што е во опозиција и Љупчо Димовски од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго. Последен пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со професорката Тања Каракамишева.
Поради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидер на партија плус уште еден претставник) се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, соопшти Владата.